Pеализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант-средства од ИПА

Bez autora
Jul 09 2019

Завршени се целосно сите градежни работи финансирани преку ИПА-грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии. Од министерството информираат дека станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми. Вкупната вредност на овие проекти изнесува 16,9 милиони евра, од кои 12,7 милиони евра се грант – неповратни средства од Европската Унија, додека 4,2 милиони евра се обезбедени од буџетот. Најголем број од реализираните проекти се во изградба и реконструкција на локални патишта, за кои во 58 општини инвестирани се 12,4 милиони евра.

Pеализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант-средства од ИПАЗавршени се целосно сите градежни работи финансирани преку ИПА-грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии.

Од министерството информираат дека станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми.

Вкупната вредност на овие проекти изнесува 16,9 милиони евра, од кои 12,7 милиони евра се грант – неповратни средства од Европската Унија, додека 4,2 милиони евра се обезбедени од буџетот. Најголем број од реализираните проекти се во изградба и реконструкција на локални патишта, за кои во 58 општини инвестирани се 12,4 милиони евра. Во изградба на јавни објекти инвестирани се 5,9 милиони евра, во комунална инфраструктура 3,8 милиони евра итн.

Од МФ додаваат дека голем дел од овие проекти се веќе ставени во употреба, додека дел од нив наскоро официјално ќе се пуштат во успотреба. На пример, денес во општина Петровец официјално ќе се пуштат нов локален пат и две реконструирани улици во вредност од 260.000 евра.

Инаку, грант-средствата за развој на рурална инфраструктура се обезбедени од Европската Унија на барање на Владата, а истите се администрирани преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik